header-ssspp

Таинственото повторно појавување на почитуваниот индиски светец Шри Сатја Саи Баба во сукшма шарира (светлосното тело) во 2014 г. изненади стотици милиони посветеници низ светот.

Откако го напушти Својот физички облик во 2011 г. на 85-годишна возраст, Тој објави: „Како што ветив, се вратив за да ја завршам Мојата мисија сè до Мојата 96-та година.“

Бхагаван Шри Сатја Саи Баба, од Неговото дотогаш нечуено враќање во ова невидливо светлосно тело, со Својата мала придружба постојано патува низ светот, во преку 30 држави. Чудесно, во 3 кратки години, Саи Баба започна изградба на 30 образовни установи, 5 суперспецијалистички болници и 21 мултиверски духовни центри на 5 континенти, што треба да се завршат пред крајот на Неговата мисија во 2020 г.

На неодамнешното свечено отворање на вториот суперспецијалистички хируршки и истражувачки центар во Њу Делхи долгогодишниот посветеник, индискиот премиер Нарендра Моди, изјави:

„Саи Баба сега е во сукшма шарира и ја продолжува Неговата мисија за служење, изградба на болници, училишта и проекти за општествено служење на сиромашните.“

SAIPRAKASHANA.ONLINE е тековна библиотека на говорите на Бхагаван Баба одржани во светот на 15 јазици и хроника на „нечуената“ таинствена објава на божественото битие и Неговите понатамошни патувања низ светот.

go to booklets

УПАТСТВА ЗА ДВИЖЕЊЕ НИЗ
SAIPRAKASHANA.ONLINE

Кликнете на линкот “ BOOKLETS-MK ” на левото мени за да почнете да ги гледате книшките од божествените говори низ светот.

Кликнете на насловната слика на книшката и таа ќе се појави во својата големина на вашиот екран. Под името на книшката за божествената посета низ светот, ако кликнете „Гледај“ (“View”), можете да ја читате книшката директно од својот веб-пребарувач. За да ја симнете книшката во PDF формат, само кликнете на линкот „Симни“ (“Download”).

Последните книшки од божествените говори низ светот ќе се прикажат во секцијата „Нови изданија“ (“New Releases”).

Веднаш до „Нови изданија“ (“New Releases”) има список на архивирани божествени говори низ светот од претходните месеци, што можете, исто така, да ги гледате или симнувате по земја или по година во секцијата “Tags”.

Веб-страницата SAIPRAKASHANA.ONLINE е достапна на 15 јазика. Можете да одберете јазик што автоматски ќе се појави на вашиот уред – десктоп, лаптоп, таблет или мобилен телефон.

ЗА ДА ГИ ДОБИВАТЕ ПОСЛЕДНИТЕ БОЖЕСТВЕНИ ГОВОРИ НИЗ СВЕТОТ НА ВАШИОТ ЈАЗИК ИЛИ ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НОВИ ОБЈАВИ ВО ОВАА ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА, ТРЕБА ДА ГО ВНЕСЕТЕ СВОЕТО ИМЕ И Е-АДРЕСА И САМО ДА КЛИКНЕТЕ “ПРИЈАВИ СЕ”.

NAMASTE!